Quotes by Давор Стојановски

"Понекогаш најубавата приказна, можеби, е токму онаа што не се случила, највозбудливото доживување е она што го одминуваме, а најубавите зборови се тие што ги премолчуваме. Јазикот и гестот на разминувањето се најубави и најсодржајни."
1 likes

"Понекогаш, само, се фаќам во мисла дали заборавените или изгубени предмети се уште имаат намена или, како нашиот спомен за нив, полека згаснуваат и стануваат безначајни. Веројатно нештата што ќе ти ги снема од рацете постојат само уште на начинот на кој постојат мислите."
0 likes

"Нему му беа познати многу неразјаснети заплети и расплети од книгите што ги читаше, познати му беа многу грозоморни и немотивирани или бесмислени сличи од приказните меѓу страниците, но уште пострашно беше тоа што и во животот се случуваа исто толку чудни настани во недостиг на смисла или на причина, така што веднаш можеше лесно да се смени текот на нештата."
0 likes

Advertisement

You May Also Like

Давор Стојановски
  • Давор Стојановски

  • Date of birth: March 08, 1987
  • Born: in Skopje, North Macedonia.

  • Description: Давор Стојановски е роден во Скопје во 1987 година. Магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

    Застапен е во домашни и странски поетски и прозни антологии и списанија.

    Добитник на наградата „Ана Франк“, како и на откупната награда за расказ на дневникот „Нова Македонија“, за расказот „Соба со тенки ѕидови – сонувајќи го Цејлон“ (2011). Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (ИЛИ-ИЛИ, 2013) влезе во потесниот круг за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Неговиот втор роман, „Собирачи на пепел“ (ИЛИ-ИЛИ, 2016) ја освои наградата Роман на годината на „Утрински Весник“.

Advertisement

Advertisement

Topics

Advertisement